Бизнисменот Сеад Кочан на 17. јули треба да се јави на издржување на затворската казна за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Упатниот акт, како што информираа од Кривичниот суд, веќе му е доставен на Кочан.
Случајот се однесува за добивањето на незаконски тендер од 2011 година распишан од државната фирма Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола.
Апелацискиот суд на Кочан неодамна му ја намали казната на четири години и осум месеци. Претходно неговата затворска казна беше шест години.
Пред да биде осуден, Кочан извесен период беше во бегство.
Информацијата предизвика низа реакции во јавноста и по социјалните мрежи, а еве дел од твитовите:
Ај сега сите да се насмееме, онака групно, па да станеме и да дадеме аплауз.
Абе иди бегај, каков затвор! pic.twitter.com/7OSmbSbYli— Виктор Стевич (@ViktorStevich) June 20, 2019
add to Google Calendar
Сеад Кочан треба да се јави во затвор на 17 јули https://t.co/3kEfTa8e3w
— никола димчев (@Nikola_Dimcev) June 20, 2019
Грујо ја чита веста и се смешка pic.twitter.com/LfJvie3I4J
— Dimko (@ddimkooooo) June 20, 2019
Гепек во најава. https://t.co/dqAbnYz9H1
— 100Le (@baljumbaljum) June 20, 2019
И Кочан ли ќе ви “избега” сеа?
— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) June 20, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сеад Кочан треба да се јави во затвор за „Труст“ на 17 јули
Фото: Телма