еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Германскиот министер Мас: Ќе сториме се што е во наша моќ за старт на преговорите до крајот на годинава

Германија ќе стори се што е во нејзина моќ да почнат пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ за време на германското претседателство до крајот на годинава, истакна германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во обраќањето на доделувањето на наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт“ на премиерот Зоран Заев.

– Се водат интензивни разговори за одржување на првата меѓувладина конференција за време на претседателството на Германија со ЕУ. Ние и натаму ќе работиме со вас како и во изминатите денови, бидејќи тоа е нашата цел јавно прокламирана за време на нашето претседателство.

Од март чекаме конечно да почнат формалните преговори и настојуваме да ја одржиме првата меѓувладина конференција до крајот на годинава, рече Мас.

Нагласи дека од тоа ќе зависи и кредибилитетот на ЕУ во регионот.

– Одлучувачко ќе биде во наредните денови да се најде решение за прашањата за кои се уште немаме одговори. Ние сме сериозни за тоа и сакаме конкретно да ги реализираме овие цели.

Сериозни сме кога велиме дека Западниот Балкан припаѓа во ЕУ и сакаме да имаме успех во тоа. Ќе сториме се што е во наша моќ да ве поддржиме на тој пат, рече шефот на германската дипломатија Мас.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куќен притвор за Драги Рашковски

Редакција

До четврток Македонија во портокалова алертна фаза, пад на температурите од петок

Редакција

Ќе извлече ли поука Македонија од големата трагедија во Грција