Продолжува да расте бројот на заболени здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот.
Според податоци на Институтот за јавно здравје, заклучно со податоци до 5. април се регистрирани 63 случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Заклучно со 3. април бројот на здравствени работници, заболени со вирусот беше 57.
Познато, официјално, е дека позитивни на коронавирусот се здравствени работници од болници во Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.
Заболени здравствени работници има од Клиниката за кожни болести во Скопје, Клиниката за кардиологија во Скопје, Клиниката за инфективни болести во Скопје, Итната медицинска помош во Скопје, Здравствен дом Скопје, Завод за рехабилитација Скопје, болницата во Куманово, приватната болница „Плодност“ во Битола, Педијатриската амбуланта во Дебар, болницата во Кавадарци, болницата за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок, Поликлиниката Чаир, Скопје, болницата во Прилеп, болницата во Гостивар…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали: Најголем дел од новозаболените со коронавирусот се на возраст од 50-59 години
(Мапа) Голем раст на кумулативната инциденца во Куманово, како изгледа состојбата низ Македонија
Како изгледа бројот на заболени со коронавирусот по градови