еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалникот Димитриевски: Изборот на Бучковски е лапсус, пораките на Црвенковски се добронамерни

Во интервју за телевизијата Сител, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој доаѓа од владејачката СДСМ, повтори дека бугарските барања во однос на преговорите на Македонија со ЕУ се неприфатливи и како што рече за него нема простор за преговори за идентитетот и за Гоце Делчев.

Димитриевски во интервјуто посочи дека изборот на Владо Бучковски за специјален претставник на Македонија во Бугарија е лапсус.

„Мислам дека Бучковски нема да даде соодветен придонесе во равојот и разрешување на овие наметнати проблеми од една страна, бидејќи овие проблеми не ги отвори македонската страна.

Ние се обидуваме да го задржиме тоа што е наше и отсекогаш било наше“, рече Димитриевски, кој смета дека повикот на поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски е разбирлив и дека неговите пораки се добронамерни.

„СДСМ е демократска пратија која гради ставови и видувања по одредени прашања, но ова се суштински прашања, каде што на тематски состаноци треба да изградиме јасен, прецизен и дециден став по однос на сите отворени прашања.

Едноставно никој не треба да преземе одговорноста да одлучува поединечно во името на сите… На соседите треба да им е јасно дека од Македонец Бугарин не бива, не бива ниту Србин, а уште помалку Грк“, рече Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарските медиуми да не преведуваат од македонски јазик, оти тој е регионална форма на бугарскиот, бара партијата на Каракачанов

Градоначалникот Димитриевски се огради од Бучковски: Неговите тези се чин на велепредавство

Бранко Црвенковски го замрзна членството во СДСМ: Бара партијата да се дистанцира од Заев

Фото: Фејсбук/Димитриевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гужва на граница: На Табановце се чека половина час

Редакција

Заедничката историска Комисија со Бугарија ќе заседава в четврток и петок, ќе се разгледуваат забелешките за средновековието

Редакција

Двајца новозаболени од Ковид-19 во Куманово, четворица во Липково

Редакција