еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Градот Скопје обезбедува чартер лет и пречек за ракометарите на Вардар, како и награда од шест милиони денари

По повод историскиот успех на градскиот ракометен клуб Вардар скопскиот градоначалник Петре Шилегов побара од советниците на РК Вардар, Град Скопје да му даде награда во износ од шест милиони денари.

-Од синоќа сум во контакт со управата на Ракометниот клуб, успеавме да обезбедиме чартер лет за клубот. Износот е 39.500 евра на авионот. Ќе полета во 14:30 часот, а во Скопје ќе слета 18:50 часот. Го координиравме авионот за да бидат завршени сите безбедносни мерки поради Самитот на НАТО за да може скопјани слободно да присуствуваат на оваа свеченост, рече Шилегов на почетокот на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Тој побара Советот на Град Скопје да донесе одлука за подмирување на трошоците за чартер летот, како и сума во износ од околу два милиони денари за организација на настанот, односно за пречекот на ракометарите.

-Вкупната сума ќе ја ставиме во посебна одлука и барам ова да го внесеме како точка на дневниот ред, рече Шиелгов.

Додаде дека момците се чувствуваат добро и оти се многу весели.

Според Шилегов, ова е еден историски успех и ги повика скопјани достоинствено да ги пречекаме ракометарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) За шампионот Вардар во Скопје во кафана се фрлаа и маси

И Стинг стана вардарец, ЕХВ му се извини за одложувањето на концертот

(ВИДЕО) „We Are the Champions“: Како изгледаше доделувањето на пехарот на тимот на Вардар

Фото: EHF Champions League

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Со поддршка на ОКТА отворено ново инклузивно игралиште во општина Аеродром

Редакција

Инстант лозот„УРБАН СТИЛ“ на Државна лотарија израдува тројца нови добитнициод од Штип, Битола и Скопје

Редакција

Убава вест: Собрани се потребните средства за лекување на шестгодишниот Марко кој има тумор на мозокот

Редакција