еМагазин
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Грчки борбени авиони ќе го чуваат македонското небо

Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за национална одбрана на Република Грција денеска во Атина потпишаа Технички аранжман за надзор на воздушниот простор.

Како што соопшти Министерството за одбрaна, аранжманот кој го потпишаа началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски и началникот на грчата одбрана, генералот Христос Кристодулу претставува официјализирање на мисијата „Ер-полисинг “(Air-policing), а ќе се реализира во координација со НАТО.

„Потпишаниот аранжман  произлегува од новиот Договор за соработка во одбраната, потпишан од страна на министрите за одбрана, Радмила Шекеринска и Евангелос Апостолакис, за време на посетата во април, годинава на високата владина делегација на Грција на нашата држава“, се наведува во соопштението.

Инаку, во месец мај со два прелета во воздушниот простор на земјава од страна на воздухоплови Ф-16 на грчката Армија, беше извршен првиот пробен прелет за потребите на Мисијата на НАТО „Ер-полисинг“, со цел проверка на комуникациите и радарската покриеност на нашиот воздухопловен простор.

„Мисијата „Ер-полисинг“ е ексклузивна придобивка која важи само за земјите членки на Алијансата и вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, вклучувајќи и борбени авиони. Целта е заштита на интегритетот на воздушниот простор на НАТО земјите членки.

И последната земја членка на НАТО, Црна Гора, во текот на пристапувањето во НАТО потпиша технички договор за „Ер-полисинг“ со Грција и Италија“, стои во соопштението.

Фото: Defpost

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Додека Петре Шилегов вежба хумор: Крави пасат „ѓубре“ на Водно

Редакција

(Фото) Заедништво, нова кампања на Манго режирана од Марио Соренти

Редакција

(Фото) Какви секс-играчки Македонците користат за време на ковид-кризата

Редакција