Наместо нов статус на Фејсбук, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е актуелен периодов со „војната„ со актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по долги години даде интервју, овојпат за емисијата „Тешки муабети“ на порталот „Инфомакс“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој му даде поддршка на Мицкоски, а кој на Груевски
Во интервјуто меѓудругото тврди дека нема тајна комуникација помеѓу него и владејачките ДУИ и СДСМ.
„Тоа е слоган. Тие смислиле слоган како сега јас да кажам ‘оската Мицкоски-Заев’ и само да го повторувам тоа. Очигледно се тргнати во една, според мене, сосема непотребна офанзива.
Не знам дали тоа мора да му го испорачаат некому, дали на Заев, дали на некој друг центар, дали некој им има нешто подметнато или дали се чувствуваат сега посилни, па велат – ‘ајде да се пресметаме со Груевски’. Мислам дека само губат од ова“, изјави Груевски.
Прашан дали има контакт со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, во контекст на обвинувањата оти измените на Кривичниот законик се носат за негово враќање во Македонија и помагање во носењето на уставните измени, Груевски рече дека најмалку една година немал контакт со ниту еден пратеник.
„Јас разговор со пратеник пред најмалку година дена, а и пред тоа многу, многу ретко, и никогаш на оваа тема. Еве, ги повикувам пратениците – еден ако има на којшто сум му се јавил на оваа тема или тој ми сејавил, слободно нека излезе и нека каже“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски тврди дека на УСБ има материјали за „оската ДУИ, СДСМ и Груевски“
Зборуваше и за фамозното УСБ, за кое пред неколку дена зборуваше Мицкоски, а потпретседателот Александар Николоски го покажа истото во друго интервју.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски тврди дека не постои такво УСБ и дека „секој за 15 минути може да направи УСБ и да рече ова е УСБ-то што го пратил Груевски“.
Секој може, додава тој, да си го крсти компјутерот „Никола Груевски“ и да рече содржината од ова УСБ-то е од Никола Груевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски нека докаже пред Господ, пред Алах, пред државата дека имам некакво УСБ, вели Џафери
Фото: Груевски/Фејсбук