еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Група граѓани собрани во близина на „Св. Спас“, безбедносната зона може да ја минат само делегации и новинарски екипи

Група граѓани се собраа во близина на црквата „Свети Спас“ во Скопје пред безбедносната зона на местото до каде што дозволува пристап полицијата.

Дел од нив се обидуваат да стигнат до црквата и да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев во чест на 151-годишнината од неговото раѓање.

Во околина на црквата има големо присуство на полициски службеници, а како што беше и претходно најавено во „Свети Спас“, односно да ја поминат безбедносната зона, им се дозволува на претходно најавените делегации и акредитираните медиумски работници.

Во црквата „Свети Спас“ од изутринава почна одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Цвеќе на гробот на великанот положија претседателот на државата Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав беа и првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби и министрите за внатрешни работи, одбрана и култура, Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска-Стојчевска, собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и делегации на државни институции, партии и граѓански здруженија.

Цвеќе положи и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Идеалите на безвременскиот визионер Гоце Делчев се патоказ за политиките на Владата, вели Ковачевски

(Видео) Пцуење на македонските полицајци и навреди за Македонија и Македонците: Бугарите стигнаа на Деве Баир

Околу 150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје за одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев

МИА/Фото: Мицкоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Сите процеси на СЈО за кои постојат докази продолжуваат, доказите се живи и здрави

Редакција

Висок претставник на ЕУ: Приоритет е преговорите со Македонија и Албанија да почнат без одлагање

Редакција

Се уште активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула, 26 се изгаснати во изминатото деноноќие

Редакција