Акционерите на „Интернешнл хотелс“ на престојното Собрание закажано за 5 март, годинава да донесат одлука за задолжување врз основа на договор за рамковен револвинг кредит-лимит врз основа на заложно право во износ од 960.000 евра склучен помеѓу Комерцијална Банка АД Скопје како доверител и „Интернешнл хотелс“, предлага компанијата.
Во предлог-одлуките објавени преку Македонската берза се предвидува давање согласност за засновање на заложно право врз имотот и тоа недвижен имот – Хотел во Скопје на бул. Александар Македонски, на зграда 1 со вкупна површина од 17.135 м2 и земјиште под и околу објектот со површина од 12.296 м2.
Исто така, под залог се дава и подвижен имот – Опрема и инвентар во хотелот „Континентал“.
„Заради обезбедување на побарувањето на банката врз основа на договорот цитиран во точка 1 од оваа Одлука, се дава согласност Друштвото да издаде 2 бланко сопствени акцептирани меници со менична изјава – согласност банката да ги пополни и употреби за наплата без протест, уредени со нотарски акт и клаузула за извршност – акцептирани и трасирани од друштвото корисник-„Интернешнл хотелс“, пишува во одлуката.
Во неа, се додава дека договорот за рамковен револвинг кредит-лимит врз основа на заложно право и заложувањето на имотот со вкупна проценета вредност од 3.799.230 евра е зделка над 50 % односно истата изнесува 74,7% од книговодствената вредност на имотот по последната ревидирана завршна сметка и според ЗТД и одредбите од Статутот оваа зделка претставува голема зделка со надлежно ниво на одлучување – Собрание на акционери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приходите на Комерцијална банка намалени за 12,4 отсто
Комерцијална банка планира добивка од 31 милион евра и помал број на вработени во 2020 година
Комерцијална банка: Бројот на вработени незначително се намалува поради пензионирање
Кој е Ванчо Чифлиганец: Од професор до еден од најголемите акционери во Комерцијална банка