еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Храната во Македонија е можеби најевтина ама и платите се најниски

Повеќе македонски медиуми вчера ја пренесоа веста од европската статистичка организација „Еуростат“ дека цените на храната во Македонија се најниски во Европа. Како и досега, домашните медиуми си ја препишаа веста еден од друг без да навлезат во суштината на оваа информација и да проверат врз каква методологија се врши оваа пресметка.

„Еуростат“ при калкулациите за таканаречениот индекс на цените на храната ги зема предвид цените на 440 прехранбени производи кои се продаваат во сите европски земји и врз база тоа излегува со европски просек. Потоа за секоја земја одделно се пресметува колкави се цените во однос на просекот во ЕУ.

Така, ако европскиот индекс на цените на храната се поставува на бројката 100, Македонија имала индекс на цените на храна 62 во однос на европските, што привидно ја прави земја со најниски цени на храната.

Зошто привидно? Затоа што во оваа математика не се земаат предвид приходите на граѓаните во различните европски земји и во Македонија.

Имено, македонските граѓани редовно се наоѓаат најдолу на скалата на „Еуростат“ во однос на месечните примања. Исто така, не треба да се заборави дека македонските граѓани одвојуваат речиси две третини од семејниот буџет за да ги покријат месечните издатоци за храна, што не е случај во повеќе европски земји каде граѓаните за оваа намена одвојуваат една третина од домашните буџети, па дури и помалку.

Затоа, да се зборува дека Македонија има најниски цени на храната во Европа би можело само доколку платите на македонските граѓани се еднакви или барем приближно еднакви на европските.

Се друго е ноторна лага која за жал повеќето домашни медиуми си ја пренесуваат без око да им трепне, без да навлезат малку подлабоко и да извршат соодветна анализа на податоците од Еуростат, што укажува на незнаење, мрзеливост и непочитување на основните новинарски стандарди за прикажување на реална и фактичка состојба.

Без оглед на тоа, македонските граѓани најдобро знаат колку е „евтино“ да се пазари во маркетите во земјава, кога со илјада денари можат да се купат едвај неколку производи и затоа е смешно што со вакви „розови статистики“ некој се обидува да ја прикаже земјава како најевтина во Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за 18-годишникот кој фрли молотов коктел кон Собранието

Редакција

Јасмин Бем: Разновидноста носи развој, профитабилност и одржливост на компаниите

Редакција

Русковска: Кај починат курир во фиока откриени 1.500 платни налози за прекршоци и казни

Редакција