Нов земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван утрово во областа на Петриња во Хрватска, јавуваат хрвaтските медиуми.
„Утрово, на 4 јануари 2021 година, во 7 часот и 49 минути, сеизмолозите од Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа прилично силен земјотрес со епицентар кај Петриња.
Јачината на земјотресот беше 4,2 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот од V-VI степен на ЕМС-скалата. Земјотресот се почувствува во централна Хрватска“, соопшти Сеизмолошката служба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Снимките од дрон го доловија ужасот од земјотресот во Петриња
Градоначалникот на Петриња разочаран од државната помош: „Преспав и решив да не ја земеме“
(ВИДЕО) Фатен моментот на силниот земјотрес во Петриња