еМагазин
Image default
Да помогнеме

Хуманитарна акција за собирање на храна низ целата држава: Што и каде може да донирате

Хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна, која е во организација на Асоцијацијата „Ајде Македонија“ е национална акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани.

Целта е на граѓаните да им се даде можност редовно да донираат храна до нашите сограѓани преку собирање еднаш месечно на 10 тони храна која ќе заврши во рацете на 10.000 граѓани.

Хуманитарниот чин ќе се случи на 16 октомври по повод Денот за борба против гладта, кој ќе започне во 10 часот и ќе трае се до 19 часот во следните градови: Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани и Виница.

„Секој месец ќе се случува настанот „Нахрани 10.000“. Сакаме да прерасне во редовна активност во која граѓаните ќе им помагаат на ранливите категории сограѓани, кои не можат да си дозволат повеќе од еден оброк дневно“, велат организаторите.

Во апелот од организаторите се препорачува сите хумани граѓани да донираат храна, која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

Според Државниот завод за статистика во Македонија имаат проблем да обезбедат храна 445,099 луѓе и во просек имаат по еден оброк дневно.

Податоците со кои располагаат организаторите за тоа кои семејства се социјално загрозени се добиени директно од Заводот за статистика во однос на просечни примања по 4-члено семејство во Македонија. Кога ќе се распредели во денови и оброци, а притоа се спореди со цената на чинење на еден нутритивен оброк определена од Министерство за труд и социјална политика, 1 од 5 луѓе во Македонија не може да си ги дозволи сите оброка во текот на една година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија фрла 12.000 тони храна годишно

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шестгодишниот Марин има аутизам и потребни се средства за лекување во Турција

Редакција

Хуманитарна трка на Кеј за помош на онколошкото одделение на Детската клиника

Редакција

Веќе два месеци не можат да го погребат Цобе, зашто недостасуваат 4.000 денари

Редакција