Здужението „Билка“ за денеска закажа протест насловен „И јас сум Моника“, како што велат од таму, против прогонот на активистката Моника Ристеска, на која вчера и беше одреден 30-дневен притвор за трговија со наркотици.
„Судија на претходна постапка на ден 09.10.2018 година го прифатри предлогот на ОЈО Скопје за определување на мерка притвор за Моника Ристеска, активист за легализација на канабисот на која и е одреден триесет дневен притвор. Ваквиот ригиден пристап на органите на прогонот и судот е НЕПРИФАТЛИВ и затоа ги повикуваме СИТЕ слободоумни граѓани, и оние кои се и оние кои не се уживатели на канабисот да дојдат на протест пред Основното Јавно Обвинителство Скопје, на самиот Кеј на реката Вардар (карши терасите на кафулињата на кеј) со почеток во 12:00 часот со цел изразување на нашето незадоволство и искажување на нашата поддршка за неправедно затворената Моника. Излезете затоа што утре и Вас ке ве апсат. И ЈАС СУМ МОНИКА, АПСЕТЕ МЕ!!!“, стои во повикот.
Фото: Фејсбук/Ристеска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што се нашла полицијата: Детали од Обвинителството за притворот за Моника
Новинарот Борјан Јовановски повика секој со својот џоинт да протестира пред Обвинителство за Моника
30 дена притвор за активистката Моника која се залага за легализација на марихуаната