еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И Царовска си оди, нема да биде во новата Влада

Донесов одлука да не учествувам во новата Владата со новиот мандатар, соопшти денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска во изјава за медиумите при посетата на Факултетот за земјоделски науки и храна.

-Во изминатите пет години заедно со мојот тим навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и во силата на жените и младите, рече Царовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шекеринска нема да биде дел од новата Влада

Повлекување од министерската функција во новиот состав на Владата во петокот најави и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Во ресорот образование треба да биде назначен и нов заменик-министер откако оставака даде Арафат Шабани од движењето Беса.

Заменик-министерот за образование ќе биде од редовите на Алтернатива. Партијата за тоа место го предложи Лулзим Алиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите заменици-министри и директори, кои ги понуди Алтернатива

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресврт: Мијалков останува во притвор, овој пат за „Плацови на Водно“

Редакција

„Македонски Телеком“ оствари добивка од 23,2 милиони евра за девет месеци

Редакција

„A дивите „тераси“ звани галии во Вардар, кога ќе ги рушат“: Твитер реакции за најавата за рушење на тераси на 20 кафе барови, гостилници и ресторани

Редакција