еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И двајцата новопочинати од корона вирусот немале контакт со потврден случај

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга на 60-годишна возраст, примен во болницата на 22 мај, информираа вчера од Министерството за здравство.

Евидентиран е и пациент од Гостивар на 64-годишна возраст, примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат.

Детали за новопочинатите од корона вирусот соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

“Пријавени се 2 смртни случаи, од Гостивар и Струга.

Случаите се на возраст од 60-64 години, сите со присутни симптоми.

Случаите биле хоспитализиран во ОБ Гостивар и ГОБ 8-ми септември каде и починале.

Еден имал пропратни коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.), а немале контакт со потврден случај.

Починатите се без историја на патување“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Вкупниот број на починати поради компликации од вирусот во Македонија изнесува 133.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Штип и Карбинци 14 новозаразени со Ковид-19, меѓу кои и две деца на возраст од една и три години

11 новозаразени со Ковид-19 во Чаир: Во кои скопски општини има нови случаи

Дебар ни одржа лекција за дисциплина на сите

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загина 48-годишен мотоциклист од Ваташа

Редакција

Македонска пошта во загуба од 2,7 милиони евра

Редакција

„Мис-комерц“ доби тендер на ЕСМ за ангажирање помошна механизација вреден 537.000 евра

Редакција