На референдумот за името, општина Ново Село имаше излезност од само 16,97%, една од најниските на територијата на Македонија.
Жителите испратија силна порака до владејачката СДСМ, чии што градоначалник таму, Боро Стојчев, летово беше уапсен за шверц на цигари, а деновиве е повторно актуелен поради намалување на затворската казна од 18 на шест месеци.
Од СДСМ се обидоа да се „извлечат“ од скандалот со најавата дека истиот ќе биде исклучен од партијата, а интересен детал во целата приказна е дека Стојчев, според Законот за локална самоуправа пак ќе може да биде градоначалник ако сака, кога ќе излезе од затвор.
Ќе биде интересно да се види колку гласови ќе добие СДСМ во Ново Село, ако имаме предвремени парламентарни избори. А и не само таму. Народот на кој се повикуваат сите политички играчи веќе не простува, допрва жестоко ќе казнува.
Фото: Фејсбук/Стојчев
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ почнала постапка за исклучување на градоначалникот на Ново Село, Стојчев од партијата
Македонците не пијат нафта: Со кој памет му простивте на градоначалникот-шверцер?
Пак ќе може да биде градоначалник: Казната на Стојчев за шверц на цигари од 18 намалена на 6 месеци