Вчера македонската јавност беше потресена од информацијата дека помеѓу починатите во здравствениот билтен на Министерството за здравство се најде и девојка од село Јажинце, од тетовската општина Јегуновце, која имаше само 24 години.
Девојката немала регистрирано хронични болести, а допрва ќе се истражува дали таа можеби имала некакви здравствени проблеми од претходно, кои би можеле да влијаат за нејзината смрт.
Пред да биде донесена на Инфективната клиника во Скопје каде почина, два дена се лекувала во Тетовската болница, а претходно една недела била на домашно лекување, откако било утврдено дека е позитивна на Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмладата пациентка која почина од Ковид-19 е од Јажинце, немала регистрирано претходни заболувања
Кај нејзе паралелно со корона вирусот се појавиле и проблеми со срцето, по што починала.
Дека никој не е поштеден кога е во прашање Ковид-19 потврди и неодамнешниот случај со 20-годишното момче кое беше излекувано во ГОБ „8 Септември“, а кај кое корона вирусот предизвикал воспаление на мозокот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова е шестти познат случај во светот каде Ковид-19 развил ваква клиничка слика, соопштија македонските здравствени власти.
Момчето било донесено од Клиниката за неврологија во ГОБ “8 септември“ со симптоми налик на мозочен удар.
Докторите овде откриле дека всушност станува збор за воспаление на мозокот енцефалит.
Од респираторниот тракт, вирусот Ковид-19 преку крвта успеал да стигне и да го нападне мозокот, предизвикувајки сериозна клиничка слика, посочија докторите од болницата.
Во првата фаза од пандемијата или за време на првиот бран во Македонија почина и 25-годишно момче од Скопје, за кое постмортем беше утврдено дека е позитивно на Ковид-19.
Како што соопштија тогаш здравствените власти тоа имало Даунов синдром, а било хоспитализирано со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија.
Во истиот период почина и 27-годишна родилка од Куманово. Таа роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Корона вирусот наголемо се шири низ Дебар
Свети Николе за неколку дена стигна до 105 активни случаи на Ковид-19
Фото: МЗ/Кабинет на претседателот