Жена која била придружба на нејзиниот сопруг, кој лежел во ковид-центарот во Тетово за Вечер сведочи за пожарот во кој животот го загубија 14 лица.
“Се случи одеднаш, беше нешто страшно, имавме толку време колку да излеземе преку прозорецот, кој се спаси се спаси.
Само што изрипавме и пламенот веќе влезе во просторијата“, вели таа.
Видела и други луѓе кои набрзина бегале преку прозорците од огнената стихија која за час се распламтила низ целиот објект. Пожарникарите стигнале бргу, меѓутоа пожарот веќе бил секаде проширен.
Таа со нејзиниот сопруг и останатите повредени биле префрлени на Интерното одделение во тетовската болница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во пожарот во ковид-центарот во Тетово, почина и здравствениот работник Ферди Шакири
Фото: Кабинет на претседателот