Фатмир Бесими, кадар на ДУИ е новиот министер за финансии.
Роден е на 18 ноември 1975 година.
Оженет е и има едно дете.
еМагазин во серијал Ви ги пренесува биографиите на членовите на новата Влада.
Какво образование има
Во 2007 година Бесими станал Доктор по економија на Универзитетот „Стафордшир“, Стоук-он Трент, Обединето Кралство.
Во периодот од 2000 до 2002 година завршил постдипломски студии MPhil по економија на Универзитетот “Стафордшир“, Стоук-он Трент, Обединето Кралство.
Во периодот од 1994 до 1998 година студирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, отсек економија, смер финансии и банкарство.
Зад себе има и импресивно извршно образование: Транформациско лидерство, Универзитет Оксфорд, Обединето Кралство (во соработка со Светскиот економски форум, Форум за млади лидери), јули 2014; Основи за лидерство на 21 век: Вредности, Институт за глобални работи, Универзитет Јеил, Њу Хевен, Конектикат, САД (во соработка со Светскиот економски форум, Форум за млади лидери), октомври 2012 година; Глобално лидерство и јавна политика на 21 век, Извршна програма за образование, Кенеди школа за Влада, Универзитет Харвард, Кембриџ, МА, СД (во соработка со Светскиот економски форум, Форум за млади лидери), март 2010 година; Програма за лидерство за одржлив развој, Светска банка и Кембриџ Универзитет и PricewatherhouseCoopers, Кембриџ, Обединето Кралство, ноември 2008 година.
Зборува и англиски и хрватски јазик, а има и основно познавање на германски јазик.
Работно искуство
Од 2016 година е вонреден професор на Факултет за бизнис и економија, Универзитет на ЈИЕ – Скопје.
Во периодот од април до август 2000 година е извршен директор на Econnovia, Друштво за консалтинг и истражување.
Политичка кариера
Во периодот од март 2013 до март 2016 година е вицепремиер за економски прашања.
Во периодот од јули 2011 до февруари 2013 година беше министер за одбрана.
Во периодот од декември 2004 до јули 2011 година беше министер за економија.
Во периодот од август 2003 до ноември 2004 година беше Вицегувернер на Народна банка на Република Македонија.
Во периодот од ноември 2002 до август 2003 година беше директор на Јавното претпријатие за аеродромски услуги Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што пишува во биографијата на старо-новиот премиер Зоран Заев
Кој е Бојан Маричиќ, новиот министер за правда
Економскиот промотор кој стана министер: Кој е Крешник Бектеши
Кој е Благој Бочварски, новиот министер за транспорт и врски
Фото: МФ