еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Иницијални резултати од PCR тест за корона вирусот за само 12 минути

Лабораторијата за генетска и персонализирана медицина во склоп на клиничката болница „Жан Митрев“ разви брз тест за детекција на корона вирусот.

„Нашата лабораторијата, покрај своите дијагностички пристапи е единствената приватна лабораторија којашто извршува и научно-истражувачка дејност. Во склоп на таа дејност лабораторијата разви брз тест за детекција на коронавирусот со примена на реверзно-транскриптазна јамково посредувана изотермална амплификација (RT-LAMP).

Тестот е интерно валидиран на PCR-валидирани примероци од 503 пациенти и има одлична сензитивност и специфичност. Слично како PCR и RT-LAMP обавува директна детекција на вирусот во примерокот.

Преку овој тест возможно е иницијалните резултати да се добијат од 12  60 минути, во зависност од вирусната концентрација кај пациентот. Лабораторијата е во контакт со овластените институции во однос на добивање на дозвола за работа со овој уникатен тест“, велат од Клиниката.​

Исто така во лабораторијата се извршува брз RT-PCR тест одобрен на листата на вонредна употреба на СЗО и FDA. Преку овој тест, резултатите се добиваат од 30-45 минути од примање на материјалот во лабораторијата.

Имено, лабораторијата е првата којашто го секвенционираше геномот на новиот коронавирус (SARS-CoV-2) од македонски пациенти и откри дека “македонскиот сој” на вирусот полесно се пренесува од “Wuhan-скиот сој”.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројките и понатаму високи: Нови 173 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 75

Редакција

(Видео+фото) Заменик министерот во МВР, Буши престојувал во хотел во Истанбул, каде ноќевање е 20 илјади евра, објави албанската телевизија Ора њуз

Редакција

Од „страв и трепет“ и еден од најбогатите во Македонија до бегалец на потерница: Кој е Сашо Мијалков

Редакција