Истражувањето во Србија за секоја вакцина посебно, колку тие штитат од заболување, пневмонија или хоспитализација покажува дека нема драстични разлики во клиничката слика по добивање на Ковид-19, пишува српски „Блиц“.
Најмалку заболени помеѓу вакцинираните има кај граѓаните кои ја примиле „Фајзер“.
Од вкупниот број на вакцинирани, Ковид-19 добиле 2,3 отсто од вакцинираните со „АстраЗенека“, 2,2 проценти со кинеската вакцина, 1,8 проценти руската и 1,1 проценти „Фајзер“.
Пневмонија развиле 0,7 процнети од оние кои ја примиле кинеската, 0,3 отсто оние кои ја примиле руската и „АстраЗенека“ и „Фајзер“ со 0,1 отсто.
Во болница биле примени 0,2 отсто од граѓаните кои ја примиле кинеската, 0,1 руската и ниту еден пациент кој примил „Фајзер“ или „АстраЗенека“.
Според раководителот на истражувањето, професор на Медицинскиот факултет и специјалист по микробиологија Дејан Баскиќ, се покажало дека кинеската вакцина поспоро развива заштита, руската и „АстраЗенека“ се со подеднаква брзина, додека „Фајзер“ е најбрз.
„Но она што е најважно е што секоја вакцина делува,“ вели Баскиќ
Истражувањето било спороведено во Здравствениот дом во Крагуевац, во период од 1 јануари до 31 март, и во него биле вклучени 28.360 вакцинирани и преку 100.000 невакцинирани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Блиц.рс/Фото: Photo by Spencer Davis on Unsplash