еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изнудувале пари од бизнисмен: Уапсен разузнавач во Агенцијта за национална безбедност и амнестирано лице за настаните од 27 април

Едно лице вработено во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), попладнево е уапсено во рамки на истрага на скопското Обвинителство, јави телевизија „Телма“.

Од МВР потврдиле дека во акција се уапсени две лица, од кои едниот е вработен во тајната служба АНБ, додека вториот е лице со кривично досие.

Според информациите на Телма, двајцата уценувале и вршеле изнуда од скопски бизнисмен, кој имал фирма за градежништво. Уапсените тврделе дека против фирмата има кривична истрага и дека двајцата може за 5 илјади евра да средат затворање на истрагата.

Всушност, истрага немало, а бизнисменот го пријавил случајот во надлежниот полициски оддел по што отпочнала постапка.

Бизнисменот добил форензичко одбележани пари, кои во ресторан во Скопје му ги предал на вториот член на групата, кој што соработувал со агентот на АНБ. Тогаш на лице место е уапсен уценувачот.

Според првичните информации, покрај приведениот припадник на АНБ, вториот уапсен кој ги „подигал“ парите од уценуваниот бизнисмен е обвинет и амнестиран за упадот во Собранието на 27 април. Уапсениот имал и повеќе други кривични дела.

Тој ја искористил амнестијата за крвавиот четврток заедно со организаторите на протестите, пратениците и собраниските службеници кои беа ослободени од кривична одговорност за крвавите инциденти во парламентот, бидејќи не беа директни учесници во насилствата.

Припадникот на АНБ пак бил вработен во агенцијата во септември 2019 година, кога новата агенција ја замени претходната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед за состојбата со заболени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција

ЕК е решена да започнат преговорите до крајот на оваа година, но не може да гарантира

Редакција

Пратениците ќе формираат работни групи за забелешките за „францускиот предлог“, прва средба утре

Редакција