Како и што најавија од Министерството за внатрешни работи (МВР), полицискиот службеник Б.Ј., кој го прекрши законот и процедурите и дозволи поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, да ја напушти Македонија и замине за Косово, доби кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР има снимка од моментот кој покажува како полицаецот го прекршил законот, за да Груби избега
Истата е поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353-в од Кривичниот законик.
-На 15.12.2024 година во 09.06 часот, извршувајќи работни задачи на работно место полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Долно Блаце, во кабина на излез од државата, со пропуштање на должен надзор, пријавениот дозволил излез на патничко возило џип „мерцедес“ со конзуларни регистарски ознаки, управувано од А.П. од Скопје, а сопатник бил А.Г. од Скопје, за кого постоела активна мерка „задржи и веднаш извести“, согласно распишана телеграма од Одделот за криминалистичка полиција при МВР.
Со ваквото дејствие, полицискиот службеник Б.Ј. му овозможил на А.Г. да оствари излез од државата и покрај внесената мерка „задржи и веднаш извести“, а исто така, со дејствието нанел штета на угледот на МВР.
Имено, полицискиот службеник Б.Ј. не извршил адекватни проверки за возилото „мерцедес“ при премин на државната граница, не го евидентирал за остварување на излез и патниците од возилото ги завел дека пешки ја поминале границата.
Исто така, при граничната проверка не почекал системот да утврди дали за лицата има активна мерка, туку веднаш им ги дал патните исправи, по што тие го напуштиле граничниот премин.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и изрече задолжителни мерки полицискиот службеник да биде суспендиран од своето работно место до завршување на дисциплинската постапка, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бегалецот Груби бара да му се укине притворот од 30 дена
Бегалецот Груби користел полициско обезбедување