Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 22 август регистрирани се 5.695 смртни случаи (Лт = 3,4%).
„Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=4.679), каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.220,7/100.000 жители.
Регистрирани се 3.492 смртни случаи кај лица од машки и 2.203 кај лица од женски пол.
Од починатите, кај 4.193 (73,6% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=3.349), дијабет (n=1.426) и белодробна болест (n=624)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
За овој период регистрирани се шест смртни случаи кај бремени жени и 31 смртен случај кај здравствени работници.
Според последните податоци на Министерството за здравство, заклучно вчера вкупниот број на починати е 5.755.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починале 4 лица кои повторно се заразиле со Ковид-19
22 биле вакцинирани: Вкупно 351 лица повторно се заразиле со Ковид-19
За една недела 134 починати од Ковид-19, најмногу во Скопје, Тетово и Гостивар
Фото: МЗ