еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Како да правите респираторна гимнастика во време на пандемија со Ковид-19

Институт за физикална медицина и рехабилитација – Скопје изработи прирачник со корисни совети за респираторна гимнастика во време на пандемија со Ковид-19.

„Нарушувањето на функциите на дишењето при заболување на респираторниот систем кај пациенти со Ковид-19 се поврзува со промени кои настануваат во механиката на дишењето кај пациентите.

Може да дојде до намалена подвижност на дијафрагмата и градниот кош, намалување на контрактилните способности на мускулатурата за дишење, како и намалена движечка активност на болните.

Тоа доведува до нарушување на белодробната вентилација и размената на гасови. Токму затоа со респираторна гимнастика може да се постигне подобрување на секоја од наброените состојби,“ се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека со примена на вежбите за дишење би можело да се надминат респираторните проблеми кај повозрасната популација, но и да се заштитат пациентите од евентуални компликации на Ковид-19.

„Респираторната гимнастика е важна алка во време на пандемија со Ковид-19 на која треба да и се посвети големо внимание. Овој тип на вежби можат да бидат прилагодени за различни групи на возрасна популација зависно од нивните коморбидитети.

Целта на респираторната гимнастика има за цел да се активира мускулатурата и да се зајакнат дишните мускули, да се зголеми подвижноста на градниот кош, да се подобри проодноста на дишните патишта и да се продлабочи дишењето, стимулира циркулацијата на крвта и да се урамнотежи работата на кардиоваскуларниот и респираторниот систем и да се спречи хипотрофија на мускулите и слабеење на целиот организам.

Придобивки од респираторна гимнастика се подобрување и нормализирање на респираторната функција, воспоставување на рамнотежа меѓу дишењето и циркулацијата на крвта, подобра заситеност на организмот со крв и отстранување на јаглерод диоксидот, обновување на здравјето и работната способност на луѓето,“ додаваат од таму.

Во овој прирачник можете да ги најдете сите корисни совети со вежби, препораки при изведување на вежбите за дишење, како и совети зошто е потребно да внимаваме при изведувањето на респираторната гимнастика.

Брошурата изработена од Институтот на овој линк: zdravstvo.gov.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клиниката за хематологија со совети и препораки за пациентите во услови на Ковид-19

Совети и препораки за пациенти со пулмонални заболувања во услови на пандемија со корона вирусот

Совети за пациенти со онколошки заболувања во време на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ненадејно почина македонскиот ракометен тренер Андон Бошковски – Доне

Редакција

Двајца кинески инженери од „Синохидро“ пристигнаа во Македонија, тие се без симтоми на коронавирус и се под здравствен надзор

Редакција

Од утре локален пороен дожд и грмежи

Редакција