еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Како се лекував од Ковид-19 по две примени вакцини и колку тоа чини

Грижата на матичниот лекар додека сте болни од Ковид-19 и сте во домашни услови е од огромно значење. Првиот ден кога добив позитивен тест, ми беше препишана витаминска терапија витамин Д 2000 единици, витамин Ц и цинк. На приватно се тестирав и тоа ме чинеше 2.000 денари, витамините, во зависност од производителот, чинеа околу 1.700 денари.

Она што веднаш ми беше препорачано е да се направи крвна слика, која ја правев приватно во лабораторија, и истата чинеше 1.620 денари. Пожелно е, крвната слика да се направи уште еднаш во текот на лекувањето, но и две недели по завршување на болеста.

Доколку се оди во ред со текот на лекувањето, односно крвната слика е добра, добро дишете, на слушалки нема наод, сатурацијата е добра, во тој случај лекувањето останува само со витаминска терапија.

При покачени ддимери, или ќе примате клексани во вид на инјекција кои чинат 200 денари една или ќе ви препишат таблети „ксарелто“ кои чинат околу 3.000 денари. Колку време ќе ги пиете ќе одреди лекар, во зависност од крвната слика.

Дијареата исто така е симптом кој го проследува делта сојот на вирусот, а тоа значи и вклучување на пробиотици и електролити во целата терапија.

Матичниот проценува, дали и кога во текот на болеста треба да се вклучи антибиотик, во зависност од наодите за време на следењето. Исто така кај секој пациент е различна проценката, дали треба да се прави и рендген на бели дробови.

Лекувањето е индивидуално и зависи од состојбата на секој пациент.

Најлесно што може да се помине е дома и со витаминска терапија.

Но, имајќи го предвид стандардот на македонските граѓани, и основното лекување од Ковид-19, воопшто не е евтино. Посебно, кога ќе се земе предвид и бројот на членови на едно семејство кои треба да се лекуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како го поминав Ковид-19, со примени две дози на вакцина

Кога се појавуваат првите симптоми дека сте позитивни на Ковид-19

Кога да се тестирате доколку сте имале контакт со позитивен на Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на ученици во средните училишта намален за 3,9, а во основните за 1,4%

Редакција

Минатата недела двајца починати од Ковид-19

Редакција

Интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија значи енергетска безбедност за Европа, изјави Мицотакис

Редакција