еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Али Ахмети

Не само Рамиз Мерко, кој се најде на црната листа на САД поради корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судски процеси и лидерот на партијата од која доаѓа – ДУИ, Али Ахмети, денови е топ тема во јавноста.

Фирма на внук од неговиот брат е еден купувачите на бизнис центарот Соравиа во Скопје, а пред извесно време негов син пак влезе во бизнис со производство на струја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телма: Внукот на Ахмети има 4 фирми

Една од фирмите која го купува бизнис центарот „Соравиа“ е на внукот на Ахмети, објави МКД

Откако Мерко заврши на црната листа на САД, од ДУИ побараа државните институции во соработка со меѓународната заедница да ги “провериле“ меѓудругото и претседателите на партиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ побара сеопфатна истрага за наводите на САД за Мерко, неговите партиски функции замрзнати

еМагазин го разгледа анкетниот лист на Ахмети, кој го доставил до Антикорупциската комисија гога станал пратеник.

Каков имот пријавил Ахмети

Во Албанија пријавил земјоделско земјиште, за кое не дал податок како го стекнал, а во Зајас има куќа од 254 метри квадратни, за која исто така не дал податок како ја стекнал.

Не поседува возило, а на име на сопругата пријавил Фолксваген поло.

Не пријавил имот на име на децата, ниту на други членови на потесното семејство, што е вообичаена пракса кај мнозинството функционери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавено видео од дрон од имотот на Али Ахмети, потпретседателот на Беса, Лимани прашува со чии пари е купен

Пред извесно време друг внук на Ахмети, Фатмир Лимани, кој од ДУИ премина во Беса, каде стана и потпретседател, на Фејсбук објави видео од дрон од имот на Ахмети во Зајас и праша со чии пари е купен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Рамиз Мерко, кој САД го стави на црната листа

Кој се освен Мерко е на црната листа на САД

Фото: Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 јуни во Грција привремено се укинува задолжителната маска и во затворено

Редакција

„Погрешно толкување на историјата“ влезе во последната нацрт-верзија, но не како што бара Бугарија

Редакција

Коста Митровски веќе не е главен извршен директор на УНИ Банка

Редакција