Беким Сали, кадар на Алтернатива, која излезе од Владата, повеќе не е министер за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разрешени министрите на Алтернатива – Сали, Алити и Чупи
На негово место треба да дојде кадар на Алијансата за Албанците, Фатмир Меџети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
еМагазин го разгледа анкетниот лист на Сали, кој го поднел до Антикорупцсиска комисија кога станал министер.
Каков имот пријавил
Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил деловен простор од 158, 300 и 82 метри квадратни во Скопје.
Пријавил и удели, на свое и на име на сопругата, но не навел каде.
И на име на родителите пријавил деловен простор во Скопје, како и два стана, исто така во Скопје.
На нивно име пријавил и пасиште, а стан во Скопје пријавил и на име на сестра му.
На свое име пријавено и заем од 132 илјади евра, кој треба да го врати до 2031 година.
На име на сопругата пријавил возило БМВ и кредит од 49 илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Џемаил Чупи, кој повеќе не е министер за дијаспора
Фото: МЗ