Во серијал, еМагазин ќе Ви го престави раководството на енергетските државни компании, ЕЛЕМ и МЕПСО, кои станаа топ тема во јавноста поради вработување на лица блиски до актуелни функционери.
Каков имот пријавил директорот на МЕПСО, Сашо Василевски
Според анкетниот лист кој го доставил до Државната комисија за спречување на корупцијата, на свое име пријавил куќа и деловен простор во Ресен, уште една куќа во Царев двор/Ресен, овошна градина и стан проценет на 80 илјади евра, за кој не дал податок каде е.
На свое име пријавил и два кредита, од 55 илјади евра и 3 милиони денари, кои уште ги исплаќа.
На име на децата пријавил стан во Скопје од 94 метри квадратни и возило Сеат Ибица.
Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски
„Која мајка изгубила син… у МЕПСО и ЕЛЕМ ќе си ги најде“: Твитер „прегреа„
Фото: Влада