еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Сашо Василевски, директорот на МЕПСО, која е на „тапет“ во јавноста поради партиски вработувања

Во серијал, еМагазин ќе Ви го престави раководството на енергетските државни компании, ЕЛЕМ и МЕПСО, кои станаа топ тема во јавноста поради вработување на лица блиски до актуелни функционери.

Кој раководи со МЕПСО?

За се што се случува во било која компанија, логично и законски е најголемата одговорност да ја има лицето кое раководи со истата.

Во случајот на МЕПСО станува збор за Сашо Василевски.

Кој е Василевски

Василевски дојде на директорската функција во МЕПСО од Советот на јавни обвинители, каде првпат е избран за член во 2011 година.

Во неговата биографија стои дека дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1992 година, а правосуден испит положил во 1996 година.

Во 2000-та година го положил и нотарскиот испит, а од 1997 до 2006 година работел како адвокат со своја адвокатска канцеларија со седиште во Ресен.

Од 2006 до 2008 година бил заменик на министерот во Министерството за правда на Република Македонија.

Од 2008 до 2010 година бил член во Комисијата за полагање на правосуден испит.

Од 2010 до 2011 година повторно работел како адвокат во Ресен.

Од 2011 до 2015 година бил член на Советот на јавните обвинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил директорот на МЕПСО, Сашо Василевски

Каков имот пријавил директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски

Кој е Драган Миновски, директорот на ЕЛЕМ, која стана топ тема поради вработувањата на лица блиски до функционери

„Која мајка изгубила син… у МЕПСО и ЕЛЕМ ќе си ги најде“: Твитер „прегреа„

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По испуштањето на радиоактивна вода од Фукушима во океанот, јапонската Влада тврди дека нема зголемена радиоактивност

Редакција

Меѓу нив и мајка со четири деца: 20 од загинатите во несреќата во Бугарија се од Општина Студеничани

Редакција

Кога ќе добијат закани, училиштата да ја продолжат наставата онлајн – насоки од МОН при дојави за поставени бомби

Редакција