еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Нехат Нуки, поранешниот економски директор на Онкологија

Поранешниот економски директор во Клиниката за онкологија, Нехат Нуки е во фокусот на јавноста во врска со наводите за криминал на Клиниката, за што Јавното обвинителство отвори предистрага.

Неговата мајка извесен период се лекувала на Клиниката, иако немала рак, а тој пак за телевизијата Клан кажа дека тоа се случило за време на пандемијата со Ковид-19, кога одредени клиники функционираа како ковид центри (но не и оваа клиника), а дозвола за лекување на мајка му добил од поранешниот медицински директор Нино Васев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил поранешниот директор на Онкологија, Васев, кој се суди за пациент кој починал, откако не му препишал лек

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал директор.

Каков имот пријавил

На име на родителите пријавил куќа од наследство во Семениште, Сарај, а во истото место на нивно име пријавил и непрецизиран имот, проценет на 35,7 милиони денари, исто од наследство.

Вози БМВ, проценето на 9,9 илјади евра, а пријавил и три кредити.

Едниот како заеднички од 564 илјади денари, кој треба да се врати до 2026 година, а другите два на свое име – од 1,2 милион денари, за кој нема други податоци, како и од 637,8 илјади денари, кој треба да го врати до 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите сте знаеле за криминалот на Онкологија, а ништо не сте направиле, замолчете!

Обвинителството веќе води три постапки за кражба на лекови и поткуп на Онкологија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарија блокираше 50 милијарди евра за Украина

Редакција

ЗНАМ на Максим Димитриевски ги објави носителите на листите за парламентарните избори

Редакција

До сабота сончево, потоа облачно и постудено со повремен дожд, а на повисоките места и снег

Редакција