еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил пратеникот на Беса, Зендели, кој поднесе фиктивна оставка

По министрите на ДУИ, кои поднесоа фиктивни оставки, условени со гласањето на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, фиктивна оставка поднесе и пратеникот на Беса, Фадиљ Зендели, кој пак оставката ја условува со тргање на 20% од Уставот како услов за користење на албанскиот јазик низ цела држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“ДУИ глумат херои“: Твитер реакции за фиктивните оставки на министрите на ДУИ

Пратеникот на Беса, Зендели нуди оставка, ако се тргне условот 20% од Уставот за албанскиот јазик

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал пратеник.

Каков имот пријавил

Вози Шевролет Орландо, кој го проценил самиот на 600 илјади денари.

Има и кредити, од 18 илјади евра кој треба да го врати до 2030 година, и од 920 илјади денари, кој треба да го врати до 2029 година.

Пријавил и деловен простор во Гостивар, од наследство, за кој не навел чив е, исто како и за земјиштето во Маврово, Ростуше, и за куќата во Гостивар, која е исто така од наследство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министрите на ДУИ поднесоа оставки, ќе станат ефективни кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени

Поднесените оставки на ДУИ да станат неотповикливи и да одиме на брзи избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За тие што ќе летуваат во Црна Гора, на сила се две ковид-мерки

Редакција

Почина академик Георги Старделов

Редакција

Да помогнеме: Наталија боледува од канцер, а доживеала и мозочен удар, потребни се средства за лекување

Редакција