еМагазин во серијал ќе Ви престави каков имот пријавиле лицата што ги водат универзитетите во Македонија.
Каков имот пријавил Азис Положани
Азис Положани, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза„ во Скопје, во анкетниот лист кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција, на свое име пријавил стан од 106 метри квадратни во Скопје, стекнат од наследство и куќа во Струга од 540 метри квадратни, стекната со договор за градба.
Како заеднички имот пријавил и стан во Скопје од 58 метри квадратни, стекнат со договор за купопродажба, земјоделско земјиште во Струга и Скопје и овошна градина.
На свое име и на име на сопругата пријавил и закупнина од стан, а како заеднички имот пријавил уметнички слики, накит и заштеда.
На свое име, на име на сопругата и како заеднички имот пријавил и неколку девизни штедни книшки.
Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Сашо Коруновски, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола