еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил старо-новиот претседател на Собранието, Талат Џафери

Кадарот на ДУИ, Талат Џафери останува на функцијата претседател на Собранието и во новиот парламентарен состав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tалат Џафери останува претседател на Собранието

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Државната комисија за спречување на корупција, кој го доставил кога стана претседател на Собранието.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил куќа од 340 метри квадратни, проценета на 11 милиони денари во село Форино, Гостивар и стан во Скопје од 46 метри квадратни, проценет на 2,1 милиони денари.

На име на децата пријавил две возила, БМВ и Ауди А6.

Лани земал кредит од 1,7 милиони денари, а кредитот треба да го врати за 72 месеци.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила министерката Ангеловска, за која Антикорупциска отвори предмет

Фото: Фејсбук/Џафери

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој му дозволува на командантот Малишева да си пишува статуси на Фејсбук, нели телефоните се забранети во затвор

Редакција

Садула Дураки ем министер ем вицепремиер

Редакција

„Титаник“: Јанакиески му давал инструкции на претседателот на ДИК, Дерковски за изборите во 2011

Редакција