Судскиот совет му го продолжи мандатот на суспендираниот судија Мустафа Шахини, за уште две години.
Тој е осомничен во истрага за криминал од 200 илјади евра, случај за спорна денационализација на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист, кој го доставил до Државната комисија за спречување на корупција, кога станал судија во Управниот суд.
Каков имот пријавил?
Шахини како заеднички имот пријавил куќа во Струга од 315 метри квадратни, која е подарок.
Навел и дека има побарување по основ за заем, а на име на сопругата, децата и на свое име пријавил и девизни штедни книшки.
Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил разрешениот Јово Вангеловски: Вози Мерцедес Бенз, а со сопругата имаат 4 стана
Каков имот пријавила Цветанка Периќ, која е избрана за нов судија во Врховниот суд
Која е Цветанка Периќ, која е избрана за нов судија во Врховниот суд