Царинската управа на Македонија потсетува дека во врска со состојбата со појава на вирусот Ковид – 19, се затвораат сите гранични премини во Македонија за премин на патници и возила, освен граничните премини Богордица, Ќафасан,Табановце, Деве Баир и Блаце, кои ќе бидат отворени за премин.
На граничните премини на кои е забранет премин на патници и возила дозволено е исклучиво премин на товарни возила.
Покрај ова, во Македонија забранет е влез на странски државјани кои доаѓаат од земји со висок и среден ризик, согласно листата на Светска здравствена организација.
Исто така се затвора и аеродромот Св.Апостол Павле во Охрид, поради што „Виз ер“ ги откажа сите летови кон овој аеродром
Во врска со состојбата на граничните премини во земјите од Царинската управа информираат дека:
➡️ Во Република Косово – сите гранични премини се затворени освен за државјани на Косово. Покрај забраната за влез на странци во Косово, товарниот сообраќај се одвива нормално за влез и излез.
➡️ Во Црна Гора отворени гранични премини се со Република Србија ГП Dobrakovo – Dracenovac; со Република Босна и Херцеговина ГП Metaljka, Sitnica, Ilino Brdo; со Република Албанија – Bocaj и со Република Хрватска – Debeli Breg. Исто така отворени се аеродромите Подгорица и Тиват.
➡️ Во Република Албанија сите гранични премини со Грција, Косово и Италија се затворени за патници и патнички возила. Товарниот сообраќај е отворен.
➡️ Во Република Австрија и Република Хрватска сите гранични премини се отворени.
➡️ Во Република Италија отворени се следните аеродроми: Ancona, Bari, Bologna, Cagliari, Catania, Genova, Lamezia Terme, Lampedusa, Milano Malpensa, Napoli Capodichino, Palermo, Pantelleria, Pescara, Pisa, Roma Fiumicino, Torino, Venezia Tessera.
Аеродромот Roma Ciampino е отворен само за итни случаи. Сите други гранични премини во Италија се отворени.
➡️ Исто така информираме дека сите летови од Истанбул за Скопје со авиокомпанијата Pegasus од Турција се откажани во период од 22.03.2020 – 02.04.2020 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Полицијата во Шпанија со дронови ги тера жителите да останат дома поради корона вирусот
„Многу разводи ќе има со изолацијава„: Твитер реакции за корона вирусот
Фото: Влада