еМагазин
ЖИВОТ

Какво време не очекува за продолжениот викенд

Времето ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со слаба утринска магла. На места ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, претежно сончево, со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст.

Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Министерот Димитров наполни 47 години, на Фејсбук објави фотографија со синот Калин, кој исто слави роденден

Редакција

Секреторен отит кај децата – значењето на раната дијагностика и третман

Редакција

До недела сончево и топло, од понеделник заладување

Редакција