еМагазин
Image default
Македонија

Камчев поднесе кривична пријава против Јанева, нејзиниот син и обвинителката Стефанова

Бизнисменот Орце Камчев во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднел кривична пријава против поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, нејзиниот син Лазар Јанев и обвинителката Лиле Стефанова.

Информацијата за „Фокус“ ја потврдила претседателката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Според напишаното во пријавата, Камчев ја обвинува Јанева дека создала група во која наводно членувале нејзиниот син и обвинителката Стефанова, а како што пишува, имале за цел да се здобијат со имотна корист и да го оштетат Камчев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните кои се регистрирани на vakcinacija.mk, по два месеци добија одговори за следните чекори за вакцини

Редакција

Листата на советници на премиерот Зоран Заев се зголемува на 40 лица

Редакција

Во сообраќајка, се запали возило со мигранти: Еден загинат, 11 згрижени во болница во Кавадарци

Редакција