еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ која донесе условна казна за обвинетиот за сообраќајката пред „Млечен“

Пресудата за страотната сообраќна несреќа која се случи во 2018 година и во која тетовчанката Наташа Апостолска го загуби својот сопруг Гоце Димитриевски и нероденото дете, која ја донесе судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ од Основниот суд Скопје 1, предизвика лавина од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

Која е Елена Илиевска-Јосифовиќ

Според информациите објави на веб страната на Судот, Елена Илиевска Јосифовиќ како судијка која работи во областа на кривична материја е избрана на 7 декември 2011 година.

Други податоци за нејзе таму нема.

Сепак работата на Илиевска Јосифовиќ предизвика посебен интерес кај јавноста откако таа беше вклучена и за предмети кои ги водеше поранешното Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

За предметот „Трезор“, СЈО во март 2017 година до Советот за утврдување факти и покренување одговорност за судија, поднесе претставки против Илиевска-Јосифовиќ. Во соопштението тогаш беше наведено дека „со претставките е побарано да се испита работата на судиите од аспект на нестручно и несовесно вршење на судската функција“.

Илиевска-Јосифовиќ како судија на претходна постапка одлучуваше по барања на СЈО и за одземање на пасошот на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, за случајот „Трезор“. Таа го одби барање на СЈО како неосновано.

„Од начинот на кој судијата Елена Илевска-Јосифовиќ ја врши својата судиска функција по предметите што се во надлежност на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, произлегува дека истата судската постапка ја водела пристрасно, со злоупотребување на положбата и со пречекорување на службените овластувања“, стои во претставката на СЈО до Советот за утврдување факти.

СЈО претходно бараше и изземање на Илиевска-Јосифовиќ од случајот „Трезор“, но судот ги отфрли наводите на СЈО како неосновани.

Во март истата година, Илиевска-Јосифовиќ беше спомената и во Извештајот на Стејт Департментот за состојбите во Македонија за 2016 година.

„Во текот на годината, извесен број судии јавно изразија загриженост дека политичките манипулации со назначувањата во судството станале уште побезобѕирни, посебно во случаите на Специјалното јавно обвинителство“, беше наведено во Извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наташа Апостолоска ги „запали“ социјалните мрежи: Условна казна доби оној кој ми го одзеде сопругот, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди

Сите детали: Македонија згрозена од пресудата за сообраќајката пред „Млечен“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 најниски просечни нето-плати во ноември

Редакција

Министерството за финансии вработува шест државни службеници, плата до 29.693 денари

Редакција

(Видео+фото) Младиот Марко Пејчиноски за 9 часа ја исплива релацијата Охрид-Струга-Охрид за децата со ретки болести

Редакција