Членови, подржувачи и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ синоќа протестира за „правда„ за поранешниот лидер на партијата и поранешен премиер, Никола Груевски пред Кривичниот суд во Скопје.
Организаторите на протестот доставија писмо до претседателот Ѓорге Иванов да го помилува Груевски, кој треба да оди на одслужување на двегодишна затворска казна за случајот „Тенк„ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
На протестот присуствуваа пратениците на ВМРО ДПМНЕ, Трајко Вељановски, Зоран Илиовски, Крсто Јованов, Јохан Трачуловски, Невенка Стаменковска, поранешниот кординатор на партијата, Драги Данев, актерот Тони Михајловски, Ламбе Арнаудов, лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, Оливер Андонов, Петре Жежовски, осуден за насилството во Собрание…
Фото: Фејсбук/Груевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За да му одземе мандатот на Груевски потребно е двотретинско мнозиство