„еМагазин“ во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на предложените заменици-министри.
Кој е Агим Нухиу
Агим Нухиу е предложен за заменик-министер за правда.
Тој е дипломиран правник на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово.
Магистрирал на правни науки-граѓанско право на правните факултети на Универзитетите во Тирана и Приштина.
Доктор е на правни науки на Правен факултет на Универзитетот во Тирана.
Тој е вонреден професор на Правен факултет на Државниот универзитет во Тетово.
Политичка кариера
Во 2020 година беше министер за внатрешни работи во Пржинска влада.
Во периодот од 2017 до 2020 година беше заменик-министер за внатрешни работи.
Во 2017 година беше министер за внатрешни работи во Пржинска влада.
Во 2016 година беше заменик-министер за внатрешни работи.
Во периодот од 2011 до 2015 година бил член на Комисијата за заштита од дискриминација.
Работно искуство
Во 2015 година станал продекан на науки при Државен универзитет, Тетово.
Во тој период е и раководител на Одделот за граѓанско право на Правниот факултет при Државниот универзитет, Тетово.
Во истиот период е и координатор на меѓународното стручно списание за правни прашања Justicia-на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово.
Во 2007 година бил декан на Правниот факултет при Државен универзитет во Тетово.
Нухиу има и долга листа и на научни ангажмани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Димитар Ковачевски, идниот заменик-министер на Бесими
Што му пишува во биографијата: Кој е Назим Буши, идниот заменик-министер во МВР
Кој е Башким Хасани, идниот заменик-министер за одбрана
Фото: МВР