еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Башким Хасани, старо-новиот заменик министер за одбрана

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на замениците-министри во новата Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се старо-новите заменици-министри во Владата

Кој е Башким Хасани

Башким Хасани е старо-новиот заменик министер за одбрана.

Хасани е роден на 28 ноември 1980 година во с.Пирок, Тетовско.

Основното и средното гимназиско завршува во Гостивар.

Дипломира на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Говори и англиски јазик.

Професионална и политичка кариера

Професионалната кариера ја започнува во 2002 година како професор по физичко образование, спорт и здравје, ангажман што го извршува до 2008 година.

Во периодот од 2008 до 2013 година е директор на Националната установа „Центар за култура – АСНОМ“ – Гостивар.

Од 2013 до 2019 година е раководител на Секторот за поддршка на градоначалникот при Општина Гостивар.

Во периодот од 2019 до 2020 година е заменик-директор на Управата за финансиска полиција.

Од септември 2020 година ја извршува функцијата заменик- министер за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Назим Буши, старо-новиот заменик министер за внатрешни работи

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипјанецот Хаџи Јанев добитник на една од најголемите воени награди од вооружените сили на САД

Редакција

На Груевски, Божиновски, Јанакиески и Димовски ќе им се суди за „Талир“

Редакција

Проф.Трајковски: Ковид-19 се уште останува подмолна болест што заслужува внимание, смртноста е 2,5 пати повисока од грип

Редакција