Лицето кое што објавува нови „бомби“ преку профил на Фејсбук кое веќе стана добро познато во јавноста, како „Ел Чека“ е по потекло од кичевско.
„Бомбите“ ги објавува од Чикаго, САД, а тврди дека нелегалните прислушувани материјали му ги дале членови на т.н. Кумановска група, чии членови се осудени за настаните во Диво насеље, а сега се во затвор.
Симпатизер на УЧК и активист за правата на Албанците
Доколку се разгледа профилот на Фејсбук, „Ел Чека“, чиј број на „пријатели“ секојдневно расте, ќе се забележат и фотографии од припадници на УЧК, но и фотографии кои покажуваат дека е активист за правата на Албанците.
Сам си го откри ликот
Иако МВР соопшти дека им е познат неговиот идентитет, лицето продолжи со објавување на нови „бомби“, а за сега овој профил на Фејсбук успешно функционира, иако македонските институции соопштија дека е пријавен во централата на социјалната мрежа.
Објавувачот си го покажа и ликот, преку најразлични фотографии и секојдневни вклучувања во живо на профилот „Ел Чека“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Бомбите“ на Ел Чека ќе ги слуша и ЦИА, а Заев ќе „падне“, ако не се уапсат криминалците во Владата
(ВИДЕО) Што ќе „ќари“ Кумановската група од „бомбите„ на Ел Чека?
Никола Тесла, Илија Громовник, Ел Чека: Кој е следниот што ќе објави нови „бомби„?
Фото: Фејсбук/Ел Чека