Горан Трајковски се повлече од директорската позиција во Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП), поради лични причини, односно ново работно место во Еуростандард банка, каде е предложен за нов член на Управниот одбор (УО) по препорака на Надзорниот одбор на банката.
Од таму информираа дека процедурата за именување на Трајковски како член на УО на банката е во тек.
Кој е Трајковски?
Средно училиште завршил на биотехнолошката насока во скопското училиште „Никола Карев“.
Завршил Правен факултет, а пред да се вработи во Министерството за финансии во 2000 година, работи во фирма за процесна опрема на неговиот татко.
Од Министерството за финансии заминува во Управата за јавни приходи (УЈП), каде по извесен период, во 2006 година, станува директор на УЈП.
Таму останува се до почетокот на 2016 година, по што е назначен за директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Приватен живот
Трајковски е во втор брак, и е татко на две деца.
Неговата прва сопруга, сега почината, беше Габриела Коневска Трајковска, вицепремиер за евроинтеграции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Горан Трајковски
Горан Трајковски предложен за нов член на УО на Еуростандард банка
Горан Трајковски си даде оставка од директорското место во ДЗЛП
Фото: УЈП