Новиот потпреседател на СДСМ, ПР-експертот и бизнис-автор, Коста Петров е роден во Гостивар.
Во текот на основното училиште со неговата фамилија се сели во Скопје, каде завршува две години средно училиште во Раде Јовчевски Корчагин. Трета и четврта година средно пак завршува во САД.
По враќањето од САД, решил образованието да го продолжи во Прага, каде запишува политички науки на Американскиот колеџ.
Во Прага ги стекнува и првите работни искуства, во Светска банка како волонтер, како агент во кол центар во британска фирма, а се испробал и во продукција на кратки филмови.
Следен предизвик му е светот на организирање на бизнис-настани, па најпрво работи во агенцијата Маркус еванс како продуцент, а потоа и во Информа во Дубаи.
Во 2010 година се враќа во Македонија и ја основа P World, агенција за настани, која работи во 35 земји во Европа, Блискиот Исток, Централна Азија, Африка и Северна Америка.
Она пак по што и е најмногу познат на македонската јавност се неговите книги. Тој е еден од најпродаваните автори во Македонија. Неговите „Се гледаме на врвот“, „Стравот“ се бестселери.
Беше и портпарол на Министерството за здравство, кога истото го водеше актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари од Алијансата за Албанците.
Тој беше и еден од авторите на евровизиската песна „Горда“, со која настапи Македонија на последната Евровизија во Израел.
Има една ќерка, Бела и е следбеник на кабалата (дисциплина и школа која се занимава со мистичните аспекти на јудаизмот).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коста Петров за потпретседателското место во СДСМ: Немањето искуство во политиката го сметам за адут
За потпретседатели на СДСМ се избрани Царовска, Петров, Спасовски, Зекири и Манчевски
ЦО на СДСМ: Наумовска, Колемишевски, Мехмедовиќ ќе бидат номинирани за нови заменици-министри
Фото: Фејсбук/Петров