еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Охрид и Битола

Како што објави вчера еМагазин, главен финансиер на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“, кој деновиве се отвори во Охрид е бугарскиот бизнисмен и филантроп д-р Милен Врабевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ: Милен Врабевски, финансиерот на бугарските клубови бил гостин на Заев во Владата

Кој го финансира бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“ во Охрид?

Кој е Врабевски

Врабевски е основач и директор на бугарската клиника „Комак Медикал“, која работи на проекти за истражување и развој во клиничката медицина. Компанијата спроведува истражување во 28 земји, покривајќи ја Европа, Азија и Северна Америка.

Врабевски е сопственик и на образовниот институт „Цар Симеон Велики“.

Во 2010 година, Врабевски ја основал музичката продуцентска куќа “Интелигент мјузик“ за популаризација на современата бугарска музика и култура.

Врабевски е основачки претседател и на Фондацијата “Бугарска меморија“, основана во 2007 година, преку која денеска финансиски помага бугарски клубови во Македонија, но и во Албанија.

За “браќата и сестрите“ од Македонија

На македонската јавност, Врабевски и стана познат кога за време на ковид-пандемијата организираше вакцинирање против Ковид-19 за “браќата и сестрите“ од Македонија во Бугарија, промовирајќи ја тезата на официјална Софија дека во Македонија има 120 илјади бугарски државјани.

Освен на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, тој е главен спонзор и на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, а како што изјави по неговото отварање таму го платил дури и коктелот.

Активен е и во барањето “Бугари“ во Албанија, иако тамошното население му вели дека се Македонци, како што има изјавено и самиот, тој не се откажува, како што вели, од „помагање“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој се отвори во Охрид

(Видео) И во кафана се славеше отварањето на бугарскиот клуб во Охрид

Седиштето на бугарскиот клуб во Охрид веднаш до куќата каде Колишевски е осуден на смрт

Фото: Комак Медикал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струјата ќе поевтини: Изгласани законските измени за намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто

Редакција

Злоупотребите на визната либерализација повторно на маса пред министрите на ЕУ

Редакција

Маж во бегство, скопјанка во притвор за убиството на мажот кој изгоре во стан во скопски Хром

Редакција