Актуелниот министер за внатрешни работи и вицепремиер, Оливер Спасовски е еден од кандидатите за нов технички премиер.
Кој е Спасовски професионално?
Спасовски е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, стои во неговата официјална биографија.
Основно и средно училиште завршил во Куманово.
Спасовски својата професионална кариера ја започнува како адвокатски приправник.
Од 2001 до 2005 година работи како советник на градоначалникот на Општина Куманово, а од 2008 до 2011 година работи како секретар на Општина Куманово.
Во периодот од 2006 до 2008, од 2011 до 2014, и од 2016 до 2017 година, Спасовски бил пратеник во Собранието на Република Македонија.
Спасовски во 2017 година по трет пат е избран за министер за внатрешни работи.
Спасовски предходно во два наврати ја извршуваше функцијата како прв човек на министерството за внатрешни работи, и тоа првиот пат од 11.11.2015 година до 18.05.2016 година и вториот пат од 02.09.2016 година до 29.12.2016 година.
Партиска кариера
Спасовски е потпретседател на владејачката СДСМ.
Тој повторно е избран за потпретседател на СДСМ во 2019 година, откако претходно ја вршеше оваа функција и беше избран за потпретседател на партијата во 2017 година.
Од 2013 до 2017 година ја врши функцијата Генерален секретар на СДСМ.
Од 2005 до 2006 година бил организационен секретар на СДСМ. Во периодот од 2003 до 2004 година бил член на Претседателството на Централниот одбор на СДСМ.
Секретар на општинската организација на СДСМ Куманово бил во периодот од 2000 до 2003 година.
Од 1999 до 2003 година бил член на Претседателството на Општинската организација на СДСМ Куманово.
Кој е Спасовски приватно
Спасовски е роден на 21.10.1976 во Куманово.
Оженет e и има две деца.
Зборува англиски и француски јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Мила Царовска, која е кандидат за технички премиер
Каков имот пријавил Оливер Спасовски, кој е кандидат за технички премиер
Која е приватно и професионално Мила Царовска, кандидат за технички премиер
Оливер Спасовски и Мила Царовска можни технички премиери
Фото: МВР