еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој каде се враќа: Лиле Стефанова во Обвинителството во Радовиш, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска во скопското

Советот на јавни обвинители денеска го констатира прекинувањето на мандатот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), откако викендов беше разрешена шефицата на СЈО, Катица Јанева, која е во притвор за случајот “Рекет“.

Досегашните обвинители на СЈО треба да се вратат во нивните матични јавни обвинителства.

Тимот на Јанева го сочинуваа обвинителите Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Артан Ајро, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Љубомир Лапе, Стефчо Донев, Трајче Пеливанов и Елизабета Јософовска.

Кој каде се враќа?

Како што појасни денеска претседателот на Советот, Ацо Колевски, Стефанова се враќа во Основното јавното обвинителство (ОЈО) во Радовиш. Тој информираше и дека на Стефанова и истекол мандатот во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Фетаи, Ристовска, Пеливанов, Ајро и Бубевски се враќаат во ОЈО Скопје.

Донев се враќа во ОЈО Радовиш.

Јосифовска се враќа во ОЈО Гостивар.

Лапе и Рустеми се враќаат во ОЈО Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Oбвинителите на СЈО се враќаат во матичните обвинителства

(Видео) „Сега ќе си одам и не доаѓам веќе“: Снимката од заминувањето на разрешената Катица Јанева од Собрание хит на Твитер

(Видео) „Отвори, отвори“: Како разрешената Катица Јанева ја отвори портата на МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворен угостителски објект во Скопје: Приведени 47 лица на возраст од 17 до 75 години

Редакција

(Фото) Референдумот топ тема во регионов: „Македонците гласат за промена на името„

Редакција

Пратениците заминаа на одмор

Редакција