Скопје е еден од најзагадените градови во државата, а во негово друштво се и Битола, Тетово, Куманово, Кавадарци, Струмица…
Според информациите од Министерството за животна средина, мерни станици има поставено во Скопје, Битола, Кичево, Тетово, Гостивар, Струмица, Велес, Кочани, Кавадарци, Куманово.
Во скопските населби Лисиче и Гази Баба, Гостивар, Велес 2, иако има мерни станици тие не работат.
Последните мерења покажуваат високо ниво на ПМ-10 честички во Битола, Кичево, Тетово, Струмица, Кавадарци, Куманово. Во Кочани, загадувањето е средно, а во Лазарополе, кое исто така се мери, сите параметри се многу ниски.
Еден од поголемите градови кои не е загаден, и најверојатно поради тоа, не е поставена мерна станица, е Штип.
За него се вели дека климата, односно честиот ветер не дозволува задржување на воздухот, иако најголем дел од домаќинствата се греат на дрва. Штип не е ниту гасифициран, ниту пак има компанија-снабдувач со топлинска енерегија.
Прилеп исто така е еден од градовите чии што граѓани не се пожалиле на загадениот амбиентален воздух.
Разбирливо, туристичките места Берово, Крушево, Охрид исто така имаат квалитетен амбиентален воздух.
И кога ќе се соочите со проблем кој е животозагрозувачки, посакувате да сте жител на некој од градовите кои го немаат тој проблем со загадувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Твитер „гневен“ за загадувањето: „Со влакната во носот против ПМ честички“
Молиме Бога да не се стемни и да дувне ветер: Воздухот во Карпош и вечерва смрди и пече
(Фото) МојВоздух со сателитски податоци за загадувањето: Што може да се открие преку нив