еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Коинциденција или не: Политички земјотрес по доаѓањето на новата амбасадорка на САД, Кејт Брнс

Како грмотевици од ведро небо одекнаа во македонската јавност информациите за оставката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, апсењето на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец поради големата “рекет“ афера и поканата за лидерска средба од страна на премиерот Зоран Заев која ја упати до Христијан Мицковски, Али Ахмети и Зијадин Села.

Голем број граѓани на социјалните мрежи вчера изразија мислење и впечатоци дека станува збор за поврзани настани, а дел од нив укажуваат и на интересен податок дека ваквиот земјотрес доаѓа само неколку дена откако новата амбасадорка на САД, Кејт Брнс пристигна во земјава, односно почна со извршувањето на својата функција.

Имено, не би било прв пат нашите пријатели од странство да ги подбутнуваат политичките случувања во нашата земја и да осигураат дијалог меѓу власта и опозицијата за важни прашања.

Без оглед на тоа дали е коинциденција или не, се чини дека по неколкумесечната голгота во однос на одложување на бараните реформи следува период на преговори меѓу политичките партии кои би требало да резултираат со разврска по повеќе прашања кои во изминатиов период беа ставани под тепих.

Такви се решавање на статусот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), усогласување на ставовите околу пописот и Изборниот аконик, расчистување со кочниците во судството…

Тоа вчера го потврди и премиерот Зоран Заев, кој изјави дека иако извештајот на Европската комисија е одличен не треба да се прекине со работа за да се обезбедат уште повеќе аргументи за позитивната одлука во октомври во однос на почеток на преговорите за зачленување на земјава во ЕУ.

Тој јасно кажа дека не е за одржување предвремени парламентарни избори, но сепак тоа највеќе ќе зависи од одговорот на прашањето дали ЕУ во октомври ќе собере сили да одредеи датум за преговори.

Доколку нашата земја повторно извиси и покрај реформите, тогаш станува јасно дека Заев тешко ќе може да го издржи притисокот од опозицијата и дека ќе биде принуден на избори на крајот или почетокот на следната година повторно да бара легитимитет од граѓаните за работата на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е јавниот обвинител или обвинители со кои „рекетирале“ Боки13 и Кичеец?

Кој е махерот кој им го „смести“ на Боки, Зоки и Кате?

За случајот со Боки13 и Зоран Милески, Обвинителството има аудио и видео снимки

На Катица и е одземен мобилниот за да се провери поврзаност со Боки13

Фото: Американска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

29-годишно момче од струмичко Дабиле исчезна во водите на браната кај Дрвош

Редакција

На Интернет се споделува петиција за одземање на бугарско државјанство на Македонци

Редакција

Од Ковид-19 починале 22 лица, сите со коморбидитети

Редакција